Руските трупи напредуваат кон градот Северен Доњецк, изјави во понеделникот гувернерот на Луганската област Сергеј Хајдаи.
Северен Доњецк, најголемиот град кој сè уште е делумно контролиран од Киев во областа Луганск во Донбас, е во фокусот на руските напади во источна Украина.
“За жал, имаме разочарувачки вести, непријателот напредува во градот“, изјави Хајдаи за националната телевизија.
Тој изјави дека соседниот град Лисичанск се уште е под контрола на Украина, додека главниот пат кон тие градови бил гранатиран, но не и блокиран.
Откако не успеа да го преземе главниот град Киев во раните фази на војната, Русија се обидува да ја консолидира својата контрола над Донбас, од кој голем дел е веќе под контрола на проруските сепаратисти.
За разлика од претходните фази на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација на Украина и ослободување од националистите кои зборуваат руски, Русија ја концентрирала својата огнена моќ на мала област, пишува „Јутарњи лист“.
„Тие (руската армија) постојано ја користат истата тактика. Гранатираат неколку часа – три, четири, пет часа по ред, а потоа напаѓаат. Потоа има гранатирање и нов напад и така натаму додека не пробијат некаде“, рече Хајдај.