ВРЕМЕНСКА ЗА ЈУНИ: Шарено и нестабилно, како во Србија

1.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВРЕМЕНСКА ЗА ЈУНИ: Шарено и нестабилно, како во Србија

Ни пристигна и месец јуни а со тоа следува и деталната метео анализа токму за овој месец, според најновите анализи кој ги направивме укажуваат дека гледано по температурите на воздухот ќе биде просечен што значи дека ги очекуваме и првиоте позиразени топлотни бранови.

Кога станува збор пак за врнежите истите очекуваме да бидат нешто над просекот за месец јуни поточно ќе има повеќе врнежи од нормалата.

Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија нормално може да очекуваме и појава на временски непогоди како што се на пример интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења како и појава на град кој може да услови и штети врз земјоделитето како што беше на пример вчерашниот ден кога во Длчевскиот регион градот направи штети врз земјоделието а интензивниот дожд поплави домови во градот. Секако во текот на овие временски непомоги очекуваме и локални поплавувања.

Ние тековно ќе ја следиме состојбата со времето и како истата ќе се менува навремено ќе информираме а доколку дојде до евентуално невреме како што е пример деновиве и следниов период навремено ќе информираме и предупредиме. На граѓаните во случај на појава на невреме и електрични празнења го ПРЕДУПРЕДУВАМЕ во никој случај да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Подготви: Славчо Попоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата