„Ковачевски СЕ ПЛАШИ ДА НЕ МУ ПАДНЕ ВЛАДАТА, затоа ќути за средбата на Џафери со Чеченците“

25.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ковачевски СЕ ПЛАШИ ДА НЕ МУ ПАДНЕ ВЛАДАТА, затоа ќути за средбата на Џафери со Чеченците“

Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата. Ковачевски не смее да го осуди Џафери и да побара одговорност од него од страв дека ДУИ ќе му излезе од влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ  во соопштение до јавноста.

Тие додаваат дека сликата која ја гледаме деновиве, каде Ковачевски молчи и одобрува шиканирање и пцуење на вработени во собранието од страна на Џафери, но и негови безбедносно сомнителни состаноци, е доволна причина и одговор зошто треба да има избори час поскоро.

– Ковачевски е спремен да премолчи и криминал, само за да остане на власт. Со Ковачевски на чело на владата имаме уценет премиер. Талат Џафери е опасност за безбедноста на државата и го поткопува интегритетот на Собранието, потенцираат тие.

Во соопштението се посочува дека Џафери го користел Собранието и позицијата која му ја нуди власта да се среќава со високо позиционирани луѓе од Чеченија и поранешни членови на Руската Дума, и сето тоа се обидел да го сокрие од јавноста.

– Џафери не ги информирал медиумите за неговата средба, ниту пак истата е нотирана на собраниската интернет страница. Нејасно е зошто Џафери ја криел средбата со Чеченците и дали за тоа се информирани нашите безбедносни служби и сојузниците? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата