АБА: Звезда ја елиминира Олимпија и закажа финале со Партизан

23.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АБА: Звезда ја елиминира Олимпија и закажа финале со Партизан

Koшаркарите на Црвена Звезда се пласираа во финалето на АБА лигата по победата над Олимпија во „мајсторката“ со резултат од 88:78. „Црвено-белите“ релативно мирно славеа во „Пионир“, првото полувреме го добија со 42:37, а во третиот период ја зголемија предноста и потоа само го приведоа мечот до крај.

Кај Црвена Звезда најефикасен беше Никола Калиниќ со 15 поени, а по него Ивановиќ постигна 11 и Кузмиќ кој имаше дабл-дабл 10 поени и 10 скокови.

Кај Олимпија најефикасен беше Јоги Ферел со 25 поени, а Зоран Драгиќ постигна 21 поен.

Во финалето на АБА лигата Црвена Звезда ќе игра против вечниот ривал Партизан кој претходно го елиминира Будуќност исто така после „мајсторка“.

Првиот меч од финалето ќе се одигра во петок во 20 часот, а домаќин е Звезда.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата