Вориорси одат во конференциското финале, Бостон се избори за седми натпревар (ВИДЕО)

14.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вориорси одат во конференциското финале, Бостон се избори за седми натпревар (ВИДЕО)

Екипата на Голде Стејт Вориорс ќе игра во конференциското финале на западната конференција до НБА лигата откако синоќа славеше над тимот на Мемфис Гризлис со 110:96, и на тој начин ги постави конечните 4:2 во оваа серија.

Клеј Томпсон со 30 поени беше најјефикасен, додека Стеф Кари додаде еден помалку. Девин Брукс кај поразениот тим исто така имаше 30 поени. Клучна делница од мечот беше последната четвртина која Голде Стејт ја доби со 32:19.

Од друга страна пак, на истокот, во серијата помеѓу Милвоки и Бостон ќе добие и седмо продолжение. Синоќешното гостување на Селтикси заврши со триумф од 95:108, што значи дека серијата е во моментов 3:3.

Џејсон Татум имаше фантастична вечер од 46 поени и 20 скока, додека на спротивната страна Јанис стигна до 44 коша.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата