Русија од утре ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска

13.05.2022
Vesnik.com
Русија од утре ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска

Руската државна компанија Интер РАО вечерва во 1 часот по полноќ ја прекинува испораката на струја за Финска, соопшти финскиот оператор Фингрид.

Фингрид изјави дека руската компанија Интер РАО го запира снабдувањето поради „проблеми со примање плаќања за електрична енергија што се продава на пазарот“, пренесува Ројтерс.

Се наведува и дека Финска купува само 10 отсто од електричната енергија од Русија.

Според Фингрид, недостигот во испораките ќе се компензира со поголеми набавки од Шведска и зголемување на производството во Финска, наведува Ројтерс.

Фото: Илустрација

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата