Распишан референдум во Јужна Осетија за припојување кон Русија

13.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Распишан референдум во Јужна Осетија за припојување кон Русија

Како што е објавено е на веб-страницата на претседателскиот кабинет, референдумот ќе се одржи на 17 јули,

На претстојниот референдум граѓаните на Јужна Осетија ќе одговорат на прашањето: „Дали го поддржувате обединувањето на Јужна Осетија и Русија?“.

Како што е прецизирано, Бибилов го потпишал указот за распишување референдум, водејќи се од историската желба на народот на Јужна Осетија да се обедини со Русија и во согласност со член 50 од Уставот на Јужна Осетија.

Тој претходно рече дека Јужните Осетијци ја сметаат Русија за своја историска татковина и дека неговата земја ќе ги преземе сите правни чекори за приклучување кон Руската Федерација.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата