Петков: Продолжуваат разговорите меѓу двете влади

13.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петков: Продолжуваат разговорите меѓу двете влади

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија продoлжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај, објави БГНЕС.

Тој, стои во објавата, исто така уверил дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади.

– Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, рекол Петков.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата