Бугарски националисти излегоа на протест барајќи оставка од премиерот

12.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарски националисти излегоа на протест барајќи оставка од премиерот

 Бугарски националисти синоќа излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков,пренесуваат  бугарските  медиуми.

Протестот е за „одбрана на националниот интерес на Бугарија во Македонија и беше најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО.

– Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на кирил петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО.

– Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава – додаде Каракачанов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата