Македонското знаме развиорено во Бекестуа (ФОТО)

25.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонското знаме развиорено во Бекестуа (ФОТО)

Женската ракометна репрезентација зад себе има едно големо искуство, мечевите од ЕХФ Купот ги покажаа сите добри и лоши страни, би рекле на време. Љубомир Савевски и ракометарките во ноември ги чека голем предизвик – настап на Европско првенство кое ќе се одржи во Словенија, Македонија и Црна Гора.

Она што посебно треба да радува е добрите моменти против актуелниот европски и светски првак, Норвешка на двете средби. Македонија беше некомплетна, а Савевски максимално го искористи капацитетот.

Доброто издание во Скопје, беше доволна причина за да нашите девојки ги мотивираат Македонците во Норвешка да дојдат во Бекестуа и да ги поддржат и тоа за големиот празник Велигден.

На крајот ја испратија најубавата честитика – ги развиорија македонските знамиња.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата