Јотова: КОИ СЕ ТИЕ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА, никој не поднел барање за македонски клуб

16.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јотова: КОИ СЕ ТИЕ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА, никој не поднел барање за македонски клуб

Денеска во Битола бугарскиот премиер придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, беа на отворање на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“.

Јотова при посетата изјави дека Бугарите во Македонија морале да ги добијат правата, а потоа да се зборува за датум за преговори на Македонија со ЕУ.

СДК објави дека нивната дописничка ги запрашала Петков и Јотова дали ќе дозволат Македонците таму да отворат свој клуб и македонски премиер да дојде на неговото отворање.

Петков избегнал конкретен одговор на ова прашање и само кажал дека со вакви локални активности народот ќе се чуствува поблизок.

Јотова одговорила со прашање „кои се тие Македонци во Бугарија“, нагласувајќи дека досега до нив никој не поднел барање за отворање македонски клуб.

„Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто“, рече Јотова.

Понатаму, го игнорирала и прашањето на новинарите зошто досега не ги примениле одлуките на судот во Стразбур во врска со правата за регистрација на македонските здруженија во Бугарија.

Вкупно 16 добиени пресуди од Судот за човекови права во Стразбур има за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Судот за човекови права во Стразбур во 2001. Ниту неа, ниту последвателните 10 добиени пресуди, Бугарија ги спреведе до денеска. А ни останатите 5 што ги добиле „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други подносители на тужби за кршење на човекови права од бугарските власти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата