Академик Божин Павловски: ПОПИСОТ Е УСПЕШЕН САМО ЗА АЛБАНЦИТЕ

2.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Академик Божин Павловски: ПОПИСОТ Е УСПЕШЕН САМО ЗА АЛБАНЦИТЕ

Академикот Павловски, кој живее и работи и во Австралија, во изјавата за МКД.мк вели дека никогаш порано дијаспората не била вклучувана во пописите на Република Македонија. За Катица Кулавкова, исто така член на Македонската академија на науките и уметностите, овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација.

„Сега тоа беше спроведено со големо залагање на Али Ахмети, кој прво си обезбеди законска рамка. И кога дојде време за теренска активност, во кампањата покрај него учествуваа претседателот на Албанија, премиерот на Косово, главно со телевизиски пораки. Тие снимки и денес можете да ги најдете на Јутјуб.

Сепак, главни во кампањата беа потпретседателот на владата Артан Груби, и министерот за надворешни Бујар Османи, кои лично посетија некои земји со поголема албанска дијаспора. Веројатно тие не престојуваа таму на личен трошок, туку на сметка на даночните обврзници. Според неколку соработници на Австралиско-македонскиот неделник на терен престојувале и бројни емисари со лаптопи во своите чанти.

Целава оваа активност им вроди со голем успех. Али Ахмети не го крие своето задоволство.

Инаку, во државите како Австралија (која е по територија колку Европа) невозможен е ваков успех без силна и добро организирана кампања.

Се сеќавам на пресвртот што го изведоа нашите големи дејци пред околу 50 години. По цел месец патуваа со бродови и потоа држеа масовни собири, ги храбреа нашите иселеници да градат свои храмови, културни и социјални центри, држеа предавања за негување на јазикот, традициите. Како ретко која друга, македонската дијаспора во прекуокеанските земји успеа да се издигне меѓу најдобрите. И бројно не е мала. На официјалните пописи во Австралија се покажуваат околу 100 илјади Македонци. За жал, нив ги нема во пописот што го спроведе Република Македонија“, изјави академик Божин Павловски.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата