Шират национална омраза?

Бугарските новинари ИЗБРКАА македонски активист: “Махај се бе ти не си за тук“ (ВИДЕО)

31.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарските новинари ИЗБРКАА македонски активист: “Махај се бе ти не си за тук“ (ВИДЕО)

При денешната посета во Благоевград, на бугарскиот премиер Кирил Петков му беше поставено прашање од македонски активист кога Бугарија ќе го признае македонското малцинство во Бугарија, бидејќи ни по десетици пресуди на Судот во Стразбур, Бугарија не сака да дозволи изјаснување на македонското малинство во земјата.

И бугарскиот премиер Кирил Петков, прави класично бегство, а пред да избега направи класичен спин, ја изврте тезата кон пребројување во Македонија, и можен конфликт на Западен Балкан, а на последните пописни резултати од вчера, само околу 3000 граѓани се изјасниле како етнички Бугари.

Но, пострашно од се е атмосферата меѓу бугарските новинари, како му се нафрлаат на македонскиот активист заради прашањето кое го поставил.

Го избркаа, го испудија најлошо, најдолно и не дозволуваа Кирил Петков да одговори.

Тоа е на видеово од 4 минути и 40 секунди па во продолжение до крај:

 

Во скратена варијанта, бујрум:

Македонски активист од Бугарија му приоѓа на премиерот Кирил Петков и го прашува:

-“Господине премиер кога ќе ги признате Македонците во Бугарија? 14 пати ја осудивме Бугарија во Стразбур и пак немаме своја организација”

НОВИНАРИТЕ му викаат :

-“Махај се бе ти не си за тук (Бегај ти не си за тука)

А пак премиерот за да го смири му вели ќе ве видам подоцна и после тоа БЕГА… 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата