ОД ПОЛНОЌ НОВА ЦЕНА НА ГОРИВАТА: РКЕ ќе носи нова одлука

23.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОД ПОЛНОЌ НОВА ЦЕНА НА ГОРИВАТА: РКЕ ќе носи нова одлука

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.

-Предусловите се исполнети, РКЕ ќе одржи седница на која ќе донесе соодветна одлука за цената на нафтените деривати, изјави Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата