Zhurnal.mk: ВЛАДАТА Е ВО ГОЛЕМА КРИЗА по конфликтот за шефот на разузнавањето

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Zhurnal.mk: ВЛАДАТА Е ВО ГОЛЕМА КРИЗА по конфликтот за шефот на разузнавањето

Две години по формирање македонската влада е во голема криза по судирот меѓу СДСМ и ДУИ за именувањето на новиот шеф на Агенцијата за разузнавање од претседателот Стево Пендаровски.

Според уредничкиот коментар на порталот журнал.мк инаку близок на владеачката партија, директорот на АР Ерлод Муслиу претходно еден период работел во УБК во времето на Сашо Мијалков, по што дошол во агенцијата под контрола на Иванов, а сега бил назначен за директор по консултација меѓу Пендаровски и Заев, но без дозвола од ДУИ.

Порталот објавува дека незадоволството на ДУИ од именувањето се должи на сомнежите дека Муслиу бил инволвиран во фалсификување на документи на УДБА според кои Али Ахмети, Фазли Велиу и Муса Џафери биле нејзини соработници со кодни имиња Мама, Дајџо и Ибар.

Подоцна овие документи беа прогласени за фалсификат, но сега Османи зборува само за втората причина зашто Муслиу, кого за оваа функција го предлагал и Иванов не треба да биде директор.

Според Османи, Муслиу и други структури под контрола на Иванов можеби биле меѓу тие што биле дел од настаните во Диво Насеље, пишува Журнал.мк кој пренесува информации од високи претставници на ДУИ дека Муслиу бил дел од луѓето кои ја “манипулирале” групата што уби 8 македонски специјалци во 2015 година.

Според порталот близок на високи функционери на ДУИ, ова е прв голем судир меѓу ДУИ и СДСМ и се случува само 10 дена по изборот на Пендаровски.

Судирот за Муслиу станува се поголем ако се знае дека тој може да е само дел од сензитивни и важни прашања поврзани со внатрешната безбедност и македонските политички партии, а притоа и ДУИ беше во политичката групација што го избра Пендаровски, пишува Журнал.мк.

Според анализата на порталот слични ситуации се случувале и кога ВМРО-ДПМНЕ можела да направи влада без ДУИ, а истото се случува и сега кога СДСМ не може да владее без албанска партија.

Според едиторијалот на медиумот близок на ДУИ, оваа и другите албански партии имаат право да чувствуваат дека се предадени од Заев и Пендаровски.

Целата анализа на журнал.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата