ХОРОРОТ ИСПАДНА ВИСТИНА: На Косово уапсени тројца за трговија со човечки органи

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХОРОРОТ ИСПАДНА ВИСТИНА: На Косово уапсени тројца за трговија со човечки органи

Косовската полиција соопшти денеска дека упасила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, полицијата вчера уапсила двајца странски државјани и еден косовски Албанец.

– Упасени се двајца мажи странски државјани и еден косовски државјанин – Албанец, под сомневање дека се вклучени во споменатото дело. Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија како доказен материјал копии од лекарски досијеа и друга документација, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата