Лазе е матурант и убав на мама Дани

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лазе е матурант и убав на мама Дани

„Кога ја пеам “Свети” на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето...во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта... Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе... Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив“, напиша Дани на Инстаграм под фотографијата на која е нејзиниот матурант Лазе. 

Лазар има 18 години и завршува во гимназијата „Орце Николов“. Тој е слика и прилика на мама Дани и не само кога е во прашање изгледот, туку и карактерно бидејќи е дете кое никогаш ниту се појавувало непотребно во јавноста ниту ја користело славата на мајка си.  

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата