АМСМ: Возачите да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, се прават проверки од безбедносен карактер

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АМСМ: Возачите да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, се прават проверки од безбедносен карактер

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер, соопштуваат од АМСМ и апелираат возачите да не ја користат оваа делница.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата