Летонија, Малта и Словачка гласаат на изборите за Европскиот парламент

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Летонија, Малта и Словачка гласаат на изборите за Европскиот парламент

Граѓаните на Летонија, Малта и Словачка денеска гласаат на изборите за Европскиот парламент, со што ќе им се придружат на граѓаните на Велика Британија, Холандија, Ирска и Чешка кои гласаа во изминатите два дена.

Словаците избираат 13, Летонците осум, а Малтежаните шест европратеници.

На изборите за ЕП од четвртокот до недела, 26 мај, ширум ЕУ на гласање може да излезат 418 милиони гласачи, а специфичен случај е Малта каде што на гласање може да излезат и тинејџери со наполнети 16 години.

По изборите, почнува нов политички циклус во Унијата кој подразбира и промена на челниците во клучните европски институции.

Аналитичарите прогнозираат дека десничарите ќе освојат значителен број места во Парламентот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата