Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на Владата е законито.

„Владата на Република Северна Македонија информира дека Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот ‘Казандол’, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована“, информираат од Владата.

Пресудата на Судот станала правосилна на 14 мај. Во неа се вели дека Владата правилно го применила материјалното право, кога на тужителот „САРДИЧ МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија.

„Причините кои се сметаат за основани, се додава во пресудата, е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар“, соопштија од Владата.

Владата на Република Северна Македонија, се додава во соопштението, останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

Владата во март минатата година еднострано го укина договорот. Претходно жителите на повеќе градови во југоистокот со месеци протестираа и предупредуваа на опасноста од отворањето на „Казандол“ и „Иловица“ нарекувајќи ги „рудници на смртта“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата