Познат идентитетот на мажот кој беше затруен од чад во пожарот во Карпош

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познат идентитетот на мажот кој беше затруен од чад во пожарот во Карпош

Педесет и осумгодишниот В.Ѓ. од Скопје е сопственик на станот во којшто изутринава избувна пожар во скопската населба Карпош 4. Како што информира полицијата, тој поради вдишување на поголемо количество на чад, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при Клинички центар ,,Мајка Тереза“.

Пожарот избувна изутринава во 10.10 часот на улица ,,Вич“ во Скопје во зграда на 17 спрат. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е целосно изгаснат во 10.55 часот. Увид беше извршен во текот на денот. Се утврдуваат причините за пожарот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата