Николовски: Со заеднички мерки Северна Македонија и Црна Гора ќе го развиваат земјоделството

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николовски: Со заеднички мерки Северна Македонија и Црна Гора ќе го развиваат земјоделството

Земјоделството е еден од секторите коишто има значаен придонес во економиите на Република Северна Македонија и Република Црна Гора, и затоа е важно двете земји заеднички да креираат мерки за развој на овој сектор, ова денеска го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на заедничката меѓувладина седница на Р.Северна Македонија и Р. Црна Гора.

Николовски посочи дека изминатиот период имаат интензивна соработка со вицепремиерот за економски прашања и министер за земјоделство на Република Црна Гора, Милутин Симовиќ, во однос на размена на искуства за моделот на РСМ за ефикасно искористување на ИПАРД програмата, и искуството на Црна Гора во преговарачкиот процес со Европската унија во делот на поглавјата за земјоделство.

„За нас е особено добредојдено искуството на Црна Гора во делот на отворањето на поглавјата 11 и 12, бидејќи Црна Гора веќе ги има отпочнато преговорите, и може на експертско ниво да ни помогнат. Важно ни е секое искуство во делот на скринингот и поглавјата коишто во делот на земјоделството се навистина тешки и поради тоа секое искуство ќе ни биде драгоцено. Од друга страна, ние имаме позитивно искуство во делот на искористеноста на ИПАРД програмата, важиме за лидер во регионот, и ова наше искуство ќе го споделиме со Црна Гора. Како држави ја засиливме соработката помеѓу Платежните агенции на РС Македонија и Црна Гора, тие неодамна потпишаа и Меморандум за соработка, преку кој ќе се зајакнат капацитетите за соработката и размената на искуства особено во делот на ефикасното искористување на средствата од Европскиот земјоделски Фонд за Рурален Развој“, посочи министерот Николовски.

При тоапотенцираше дека двете држави активно работат на олеснување и зголемување на трговската размена особено во делот на земјоделско-прехранбените производи.

Минатата година двете земји потпишаа Декларација со којашто се обврзаа на поедноставување на процедурите во делот на размена на земјоделските производи, конкретно во однос на инспекциските служби и взаемно признавање на резултатите од акредитираните лаборатории на двете земји.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата