Зошто ДУИ е против новиот прв шпион, Еролд Муслиу

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто ДУИ е против новиот прв шпион, Еролд Муслиу

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека ДУИ е разочара од одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да го именува Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. Како што рече Османи, ДУИ се надева дека Пендаровски ќе ја преиспира оваа одлука.

– Вчера одлука на претседателот Пендаровски за назначување директор на Агенцијата не вознемири сите и стави сенка на вчерашниот ден кога Собрането ја донесе реформата за безбедносните служби. Нашите информации се дека одлуката е донесена врз основа на недоволна информиранот и дека не е злонамерна. Ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Очекуваме дека овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука. – изјави денеска Османи.

Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање. Муслиу беше споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор на агенцијата, но Ѓорѓе Иванов се повлекол од можниот избор по силна реакција на ДУИ, кој кандидатот тогаш го оцени како „несоодветно кадровско решение“.

Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.

– Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање, изјави Муслиу.

Вели дека на е запознаен со денешната изјава на вицепремиерот Бујар Османи дека ДУИ не се согласува со одлуката да биде поставен на оваа функција.

– Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, рече Муслиу.

Прашан за коментир на изјавите на ДУИ, Муслиу одговори дека „не зна кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знае тие се заедно во влада со СДСМ, односно го поддржаа претседателот Стево Пендаровски"

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата