Бизнис си е бизнис: Германија НАЈМНОГУ КУПУВА ОД КИНА, А НАЈМНОГУ ПРОДАВА ВО САД

19.02.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бизнис си е бизнис: Германија НАЈМНОГУ КУПУВА ОД КИНА, А НАЈМНОГУ ПРОДАВА ВО САД

Минатата година, шести пат по ред, Кина била најважниот трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика.

Двете земји оствариле трговска размена вредна 245,4 милијарди евра, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на 2020 година.

На второ место е Холандија со 206,1 милијарди евра трговска размена, а потоа следат САД со 194,1 милијарди евра.

Германија увезла стоки во вредност од 141,7 милијарди евра од Кина, што е за една петтина повеќе од претходно.

Втора најважна увозна дестинација на Германија е Холандија со 105,7 милијарди евра, а потоа САД со 72,1 милијарди евра.

Што се однесува до извозот, Германија има извезено најмногу, како што се случува од 2015 година, во САД. Германија во САД извезла стоки во вредност од 122,1 милијарди евра, што е зголемување од 18 отсто.

На второ место на извозни дестинации е Кина со вредност на извезени стоки од Германија од 103,8 милијарди евра, а потоа следи Франција со 102,3 милијарди евра.

Минатата година Германија извезла најмногу делови за автомобили во вредност од 209,4 милијарди евра.

На второ место се машини (194,4 милијарди евра), потоа хемиските производи (136,3 милијарди евра).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата