Натали Портман негира дека била во врска со Моби

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Натали Портман негира дека била во врска со Моби

Натали Портман негираше дека во своите тинејџерски години била во врска со Моби и го нарече пејачот непристоен.

Актерката одговори на тврдењата на Моби, кој неодамна ги објави своите мемоари во кои вели дека во 2001 година Портман го поканила да излезат.

„Бев ќелав и многу пиев, а Натали Портман беше прекрасна филмска ѕвезда. Но сега таа беше во мојата соблекувална и флертуваше со мене“, пишува Моби во својата книга.

Портман на тоа изјави дека описот е неточен и го нарече Моби „манијак“ кој не знае каде му е местото.

„Изненадена сум дека тој рекол дека сме биле во врска бидејќи јас го познавав некој многу кратко време. Колку што се сеќавам тој беше многу постар маж кој се лигавеше околу мене, а јас туку што завршив средно училиште. Тој вели дека јас сум имала 20 години – дефинитивно немав. Бев тинејџер, штотуку наполнив 18. Одвратно е тоа што тој раскажал ваква приказна за да ја продаде својата книга“, вели Портман во интервју со „Харперс Базар“.

„Јас бев негов фан и бев на еден негов концерт откако матурирав. Тој беше на турнеја, а јас снимав филм па се дружевме неколку пати, но набрзо сфатив оти тој е возрасен маж кој беше заинтересиран за мене на начин кој сметав дека е несоодветен“, додава Портман.

Ова не е првпат Моби да зборува дека бил во врска со Натали Портман.

Во 2008, Моби изјави дека тој и актерката имале кратка афера поради која тој бил мета на омраза.

„Не може да бидеш во врска со мајката на Лук Скајвокер и да не те мразат“, изјави Моби со јасна референца на улогата на Натали Портман во „Војна на ѕвездите“.

Натали Портман, една од водечките лица на движењето „Времето истече“ (Time’s Up) вели дека книгата на Моби е полна со лаги и измислици.

„Книгата не подложела на никаква проверка на факти од страна на издавачот“, вели Оскаровката и додава дека е сигурна оти тоа било намерно.

„Го знаете старото клише? ‘Поарно да побараш прошка отколку дозвола’“, вели Портман.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата