Милан е пејачот со тажна животна приказна: Татко му убил човек!

22.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан е пејачот со тажна животна приказна: Татко му убил човек!

Брзо по раѓањето на пејачот Милан Станковиќ татко му направил кривично дело, а неколку години подоцна и настрадал во затвор. Семејството веднаш се посомневало дека станува збор за крвна одмазда.

Таткото на Милан Станковиќ, Горан убил колега од работа пред повеќе од 30 години заради што бил осуден на повеќегодишна затворска казна. После пет годидини на робија тој починал под неразјаснети околности. На семејство му било јавено дека загинал така што паднал од скеле, но тие и денес не веруваат во тоа. Семејството Станковиќ е убедено дека Горан бил убиен заради крвна одмазда.

Милан многу не сака да зборува за оваа болна тема, но во неколку наврати има кажано дека се сомнева во официјалната верзија. 

„Сум имал само пет месеци кога татко ми отишол во затвор затоа и не се сеќваам на него. Низ глава ми поминуваат слики од посетите. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој тетин, чичко кого повремено го гледам. Татко ми заради долг убил човек со кого работел во пекарница“, раскажал Милан во една прилика. Зборувал и за тоа како изгледало неговото детство без еден родител.

„Не знам каков би бил да растев со татко, но секогаш се чувствував инфериорно. Кога во друштво ќе кажев дека немам татко, предизвикував сожалување. Како јас да сум виновен за тоа. Најтешко ми паѓаа писмата што ни ги праќаше од затворот. Еднаш случајно ги најдов и бев потполно изгубен. Знаев дека не можам да го вратам. Мајка ми се бореше за мене и сестра ми. Работеше во фабрика, чистеше по куќи, работеше во трафика. Често позајмуваше пари“, раскажал Милан, кој денес е една од најголемите ѕвезди во соседтството.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата