Денвер триумфално кај Бруклин, Дончиќ со нов трипл-дабл за победа

27.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денвер триумфално кај Бруклин, Дончиќ со нов трипл-дабл за победа

Кошаркарите на Денвер во синоќешното дерби на НБА лигата го совладаа Бруклин на гости со 124:118. Уште едно одлично издание запиша српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој оствари дабл-дабл учинок со 26 поени и 10 скока, а малку недостасуваше да дојде и до трипл-дабл, откако застана на осум асистенции и една украдена топка.

Денвер е на шестата позиција во Западната конференција по третиот врзан триумф со 26 победи и 21 пораз, додека Бруклин е четврти во Источната конференција со 29 победи и 19 порази.

Атланта стигна до петтата последователна победа на домашен терен, совладувајќи го Сакраменто со 121:104. Богдан Богдановиќ се врати по пет пропуштени натпревари поради повреда на коленото и постигна 18 поени, додека Треј Јанг стигна до дабл-дабл со 17 поени и 10 асистенции.

Далас имаше победничка ноќ на гости кај Портланд, славејќи со 132:112.

Кристапс Порзингис постигна 22 поени и пет скока за тимот од Тексас, Џејлен Бренсон постигна дабл-дабл со 20 поени и 11 асистенции, додека Лука Дончиќ стигна до 42-ри трипл-дабл со 15 поени, 15 асистенции и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Портланд –  Далас 112:132

Кливленд – Милвоки 115:99

Индијана – Шарлот 126:158

Орландо – ЛА Клиперс 102:111

Атланта – Сакраменто 121 104

Мајами – Њујорк 110:96

Бруклин – Денвер 118:124

Чикаго – Торонто  111:105

Сан Антонио – Мемфис 110:118

Јута – Феникс 97:105

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата