Падна одлука, нема веќе апликации на Google во Huawei телефоните. Што значи тоа за корисниците во Македонија

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна одлука, нема веќе апликации на Google во Huawei телефоните. Што значи тоа за корисниците во Македонија

Google, како што дознава Ројтерс, ќе ја прекине со соработката со кинескиот Huawei поради мерките што ги преземаат САД против Кина.

Google ќе го запре целиот бизнис со Huawei  поврзан за хардвер, софтвер или пренос на услуги. Овие мерки не влијаат на употребата на Андроид софтверот со отворен код развиен од страна на Google и Huawei може да го користи како слободен софтвер.

Huawei телефоните веднаш ќе ги загубат своите надградби и нови верзии на софтвер од Google, вклучувајќи апликации и промени кои што Google ги нуди бесплатно. Новите телефони на Huawei нема да можат да користат услуги и софтвер на Google, вклучувајќи го и Google Play Store, YouTube, Gmail, Google Drive, Chrome.

"Huawei ќе ја користи само јавно достапната верзија на Android и нема да имаат пристап до услуги и апликации на Google", изјавил за Ројтерс нивниот извор, а Google треба наскоро да ги објави и деталите.

Ројтерс објави дека дека сегашните корисници на Huawei телефоните со Google апликации може да продолжат да ги користат овие апликации, како и преземање на нови надградби за овие апликации, но не и телефоните кои ќе бидат призведени во иднина.

Ова прекинување на соработката може значително да го намали бизнисот на Huawei, кој ќе го изгуби пристапот до ажурирања.

HiSilicon, компанија која произведува чипови, рече дека е подготвена за овој удар долго време, додека Huawei претходно истакна дека е подготвена за било какви забрани уште пред шест години. Honor, под-бренд на Huawei, требаше да промовира нов модел на телефон, Honor 20, на 21 мај во Лондон, но засега не е јасно што ќе се случи.

Оваа одлука на Google може да предизвика Huawei да ја замени продавницата со апликации на Google на своите нови Android уреди со свој сервис, но нема решение за другите популарни апликации на Google кои се составен дел на денешните телфони и како ситуацијата ќе се развие во овој момент е тешко да се предвиди. Се очекува официјалните соопштенија на двете компании.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата