ШТО ЧИТА Ѓоковиќ? (ФОТО)

18.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШТО ЧИТА Ѓоковиќ? (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ пристигна во Србија со лет од Дубаи, по 11 дена поминати во Мелбурн. Претходните денови, повеќе од кога било, секој негов јавен настап беше медиумски покриен – максимално.

Засега нема веднаш да дознаеме што точно размислувал Новак за време на австралиската драма, бидејќи нема да дава изјави се додека не заврши Австралија опен и официјално.

Сепак, навикнати сме Ѓоковиќ да биде позитивен во сите ситуации, а се чини дека овој пат при депортацијата од Австралија, односно летото во Белград, најде начин да најде мир.

Летот од Австралија цело време го следеле илјадници луѓе, а се појави и видео од тимот на Новак во авионот.

Еден ден подоцна, на социјалните мрежи кружи фотографија тајно направена од еден од патниците на која се гледа како Ѓоковиќ на долгиот лет чита книга.

Иако не е јасно за кој наслов станува збор, на прашањето од објавата: „Што чита Новак? Само неточни одговори?“ пристигна стотици хумористични коментари.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата