За Вол Стрит Џурнал сме СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ

18.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За Вол Стрит Џурнал сме СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ

Еден од највлијателните американски и светски медиуми Вол Стрит Џурнал не нарече Северномакедонци, а македонската влада и кабинетот на Пендаровски молчат за сменетиот идентитет, пренесува expres.mk.

Иако на весникот му е јасно дека треба да не нарече Македонци затоа што тоа е навредливо, а ПР тимовите на власта особено на Пендаровски сигурно ја прочитале анализата, тие молчат за навредливиот однос кон сите Македонци.

Цели три дена откако е објавен текстот во кој претседателот Пендаровски индиректно се заканува со мигрантска криза ако нема датум за преговори, никој од власта не реагирал до Вол Стрит Џурнал.

До влијателниот весник кој е масовно цитиран во САД и глобално не реагирала ниту македонската амбасада во Вашингтон, мисијата на Македонија во ОН во Њујорк ниту пак Македонското министерство за надворешни работи.

И Заев и Пендаровски од промената на името постојано тврдат дека идентитетот е бетониран и дека остануваме Македонци.

Сега тие заедно со министерот Димитров и вицепремиерката Шеќеринска молчат и го прифаќаат навредливото и вештачко именување на Македонците како северномакедонци.

Текстот е преземен од: експрес.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата