Петков и Радев излегуваат од изолација

14.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петков и Радев излегуваат од изолација

Изолацијата на Кирил Петков и Румен Радев може да се укине доколку и двајцата прикажат негативен резултат од ПЦР-тестот, а бидејќи и двајцата имаат засилувачка доза од вакцината, тие автоматски се ослободени од обврската за понатамошен карантин.

Петков и Радев прво се самоизолираа, а потоа беа и официјално ставени во карантин, откако на Консултативниот совет за национална безбедност во понеделникот биле во контакт со претседателот на Народното собрание Никола Минчев, за кој се покажа дека е заразен со коронавирусот. Токму поради тоа беше доведена во прашање и посетата на премиерот Петков во земјава на 18 јануари, но од владата денеска потврдија дека посетата на бугарскиот премиер сепак ќе се оствари на таа дата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата