Страшна сообраќајка – КАМИОН УДРИ ВО ОСТАТОЦИ ОД СТАРА ПАТАРИНА (ФОТО)

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшна сообраќајка – КАМИОН УДРИ ВО ОСТАТОЦИ ОД СТАРА ПАТАРИНА (ФОТО)

Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.

Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање – стои во објавата на фејсбук на страницата Ѕид на сообрачајкниот срам.

Нa фотографијата се гледа искршен камион, кој се забил во остатоците од старата патарина, откако се поставени нови наплатни пунктови на само неколку метри растојание.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата