Ова е најсекси мажот на Евросонг (ФОТО)

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е најсекси мажот на Евросонг (ФОТО)

За најсекси маж на годинешниот Евросонг е прогласен Швајцарецот Лука Хани , кој работел како ѕидар , а сега ја претставува својата земја во Тел Авив.

Шармантниот 24- годишен Лука Хани е прогласен за најсекси маж на Евросонг , и на изненадување и на Швајцарците одлично котира и на кладилниците . Тој е голема музичка ѕвезда во Швајцарија .

Роден е во Берн , а од мал свирел на клавир и на гитара. Но , се запишал во средно ѕидарско училиште , а да не се пријавел на популарниот музички шоу во Германија , ќе продолжел да работи како ѕидар.

Неговиот талент го препознала публиката и жирито на музичкото шоу ,,Германија бара талент” , така што победил на само 17 години и заработил 500 000 евра , кои ги употребил за развојот на својата музичка кариера.

Извесен период живеел и во Лос Анџелес , каде го продуцирал својот четврт албум , а освен музичката кариера , често работи и како манекен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата