Емили Ратајковски против забраната за абортус

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Емили Ратајковски против забраната за абортус

Познатата моделка Емили Ратајковски се приклучи во кампањата на голем број славни жени низ Америка и јавно го изнесе својот став против донесувањето на новиот закон потпишан од гувернерката на Алабама со кој се забранува лекарите да извршуваат абортус во оваа држава.

Освен фактот дека на жените им се одзема правото на избор, многумина ги налути тоа што ваквата одлука за забрана на абортусот во Алабама ја донесоа 25 бели мажи.

Законот ќе стапи на сила шест месеци по потпишувањето на истиот од страна на гувернерката Кеј Авји. Кога законот ќе стапи на сила, во државата Алабама ќе се забрани абортусот во секакви случаи.

Ратајковски ја испрати својата порака покрај фотографијата на која е гола, што не е изненадувачки, бидејќи таа редовно истакнува дека има право да прави што  сака со своето тело, а не само она што моралистите го очекуваат од неа.

„Оваа недела, 25 стари белци гласаа за забрана за абортус во Алабама, дури и во случаите на инцест и силување. Тие луѓе на власт ја наметнуваат својата волја над женските тела, сè со цел да одржат патријархат и го продолжат индустрискиот затворски комплекс. На овој начин тие ги спречуваат жените со ниски економски можности да одлучат дека не сакаат да раѓаат. Државите кои се обидуваат да го забранат абортусот, се држави кои имаат највисок процент на црни жени. Сè се врти околу класата и расата и станува збор за директен напад врз основа на човековите права, кои жените во САД ги заслужуваат и кои ја штитат пресудата во случајот Роу против Вејд. Наше тело, наш избор“, напиша Емили.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата