Xiaomi воведе иновативен начин на продавање на своите смартфони (ВИДЕО)

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi воведе иновативен начин на продавање на своите смартфони (ВИДЕО)

Xiaomi е се повеќе популарен на големиот индиски пазар за паметни телефони. Оваа компанија, позната по тоа што за разлика од конкуренцијата, не вложува многу пари во маркетингот, одлучи на невообичаен начин да врши продава кога станува збор за паметни телефони.

Mi Express Kiosk иницијативата на индискиот пазар донесе уреди за самопослужување на кои клиентите можат сами да го купат посакуваниот Xiaomi паметен телефон или некои од додатоците за нив.

Како и класичните апарати за храна и пијалаци, и во овој случај може да се избере саканиот производ кој по плаќањето ќе падне низ отворот од долната страна на уредот каде што корисникот може да го превземе.

Извор: B92.net

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата