Тијана призна: УШТЕ СЕ ТРЕСАМ!

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тијана призна: УШТЕ СЕ ТРЕСАМ!

Те сакам сесре Тамара! Уште се тресам, маестрално, емотивно, беспрекорно! По којзнае кој пат сум ГОРДА!, напиша Тијана по синоќешниот пласман на сестра и Тамара во големото евровизиско финале.

Тијана не само што ја поддржа сестра си написмено, постојано објавуваше и видеа на Инстаграм а посебно интересен беше моментот на реакцијата кога името на Тамара беше прочитано прво меѓу финалистите. Освен видео со вресоци, брзо падна и објава: Ааааааааааа! Браво, љубов! Те сакам!

Оваа Евровизија на Тамара и е втора, таа заедно со Врчак и Адријан Гаџа беше наш претставник во Белград, а истото важи и за Тијана, која беше дел од спектаклот во Копенхаген. Ова автоматски ги прави можеби единственото семејството во историјата на Евровизија кое имало најмногу свои претставници на ова музичко натпреварување.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата