Општина Делчево ги презентираше резултатите и прелозите за подобрена даночна одговорност

17.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Делчево ги презентираше резултатите и прелозите за подобрена даночна одговорност

На Конференцијата на тема „Даночното однесување за подобра даночна одговорност“ што се одржа во рамките на Проектот за даночна одговорност кој го имплементираше  Центарот за економски анализи, кофинансиран од ЕУ,  градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски истакна дека  Делчево, иако е релативно мала Општина, прави големи чекори на полето на транспарентноста максимално вложувајќи ги ресурсите, за да одговори во секој сегмент од транспарентноста и отчетноста, па во таа смисла и на даночната транспарентност.

-Вклученоста во овој проект ни помогна да ги увидиме слабостите и да бараме алатки и мерки за да работиме и да воведеме даночна транспарент која носи отчетност и гради доверба кај граѓаните. Тие, треба да знаат како општина Делчево ги троши нивните пари и дали ги слуша нивните приоритети, рече Трајковски.

Делчево во изминатите две години, како што додадоа од Општината, имаше одлична соработка со ЦЕА преку Проектот за даночна одговорност.

-Како една од четирите пилот општини, во два наврати заедно со ЦЕА спроведовме процес за увид во однесувањето на даночните обврзници кои нередовно ги подмируваат даночните обврски во Делчево, додадоа од општината.

Во рамки на процесот беа одржани форуми со претставници од месните заедници при што, како што дополнија, се дефинирани приоритетите за развој на селата во општина Делчево, а во насока на подготовките за креирање на Буџетот за наредната година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата