Ученичката на генерација работи во Франкфурт, мистерот е доставувач на пици

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ученичката на генерација работи во Франкфурт, мистерот е доставувач на пици

Генерација од Економското училиште во Скопје, која матурирала 1999 година, оваа година ќе прослави 20 годишнина од матура во Германија. Стојко Гаштаров, претседателот на класот, вели дека неодамна направил Вибер група и ги додал сите ученици од некогашното IV 7, за потоа да сфати дека веќе никој не останал во Скопје.

Кога се договаравме за ресторанот во кој ќе се сретнеме, дознавме дека сите 30 ученици живеат во Германија. Најдовме еден убав хотел во Берлин каде напролет ќе ја прославиме дваесеттата годишнина од матурата, вели тој.

Инаку, најдобрата ученичка и ученичката на генерацијата работи во еден трговски центар во Франкфурт, мистерот од матурата е доставувач на пици во Штутгарт, додека еден од најперспективните ракометари остварил успешна кариера работејќи со гипс картон во Минхен.

(Извор – Окно.мк)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата