Зидан спрема чистка: Реал бара купци за дури 15 свои играчи

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зидан спрема чистка: Реал бара купци за дури 15 свои играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, размислува за драситчни промени во составот во летниот трансфер период и планира да направи голем број на дојдовни и излезни трансфери.

Според „Марка“, раководството на шпанскиот гигант ќе се обиде да најде нов тим од 15 од нивните сегашни играчи. 19 ќе останат на „Сантијаго Бернабеу“.

Во плановите на Зидан за следната сезона не влегуваат следниве играчи: Кејлор Навас, Серхио Регилон, Хесус Ваљехо, Тео Ернандез, Дани Себаљос, Хамес Родригез, Мартин Јодегард, Иско, Браим Дијаз, Маркос Љоренте, Матео Ковачиќ, Герет Бејл, Оскар Родригез, Борха Мајорал и Раул де Томас.

Некои од овие играчи ја поминаа сезонава на позајмица во други клубови.

Францускиот тренер се врати во Реал во март оваа година, но не успеја да направи чудо со тимот. Зидан е трет тренер на Реал во тековната сезона, а пред него беа Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата