Златев бара оставка и вештачење за дрога на пратеникот Павле Богоевски!

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Златев бара оставка и вештачење за дрога на пратеникот Павле Богоевски!

Пред година ипол, имав средба во едно скопско кафуле со двајца стари партиски другари од времето кога бев член на СДСМ кои ми понудија како новинар да објавам видео снимка на која се гледа како пратеникот Павле Богоевски во кафуле во Струмица, наведнат со замотана банкнота – шмрка кокаин.

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

Снимката ја погледнав, но, културно одбив да ја објавам од неколку причини: Прво, во моментот на “конзумација“, Богоевски не бил на јавна функција (снимката датира од деновите на шарената револуција), второ во тој момент не сакав да учествувам во внатрешните пресметки на СДСМ со “дошљаците“ како Павле, и трето, да бидам искрен – објавувањето го одбив и затоа што не сакав на Павле да му ја уништам политичката кариера која само што му почнуваше, а таквиот чин, во тој момент кога немав свој медиум немаше да ми донесе апсолутно ништо.

Да бидеме реални, кокаинот е многу распространет во земјава, скоро и да нема кафуле во кое редица луѓе (пред се мажи) не влегуваат во тоалетот групно за да шмркаат. Сите кои се движиме по градов, на еден или на друг начин сме паѓале во искушение да конзумираме кокаин.

Самиот во неколку наврати сум добил понуда од луѓе за кои ни на крај памет не би ми паднало дека “шмркаат“, сум одбивал  – не затоа што не сум бил љубопитен – туку затоа што сум се присетувал на маките на моите родители кои се имаат откажано од сите задоволства во животот за мене да ми овозможат да се образувам и да стигнам до таму каде што сум. Нив, никогаш не би можел да ги изневерам, а доколку во мојот нос ставам нешто такво, знам дека никогаш не би можел да ги погледнам во очи криејќи ја таа тајна во мене.

Вчера на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која според објавувачот „Илија Громовник“, се слуша како пратеникот Павле Богоевски нарачува кокан. Снимката очигледно не потекнува од пресретнат разговор, туку некој го снима Павле како со друг разговара на телефон и нешто порачува. Утринава, Богоевски ја призна автентичноста на снимката, но, вели дека не нарачувал кокаин туку нелегално (на црно произведено) масло од канабис за негова блиска личност која била болна.

Е сега, драг Павле, поради твојата патетичност успеа да ме налутиш до ниво да се покајам што пред година ипол не сум ти ја објавил снимката. За оваа колумна ме инспирираше пред се поради тоа што патетично не лажеш во очи, па уште манипулираш малициозно фаќајќи на емоции дека некому си помагал.

Имено, друже Пајо, не си ти единствен наркоман во државава, има и други кои на нас новинарите може да ни кажат дека:

1. Маслото за канабис нема жаргонска мерка единица “пола” (се мисли на грам), туку се мери во “кубици”. Ти во снимениот разговор велиш „Спреми ми пола”, ама друже пола кубик не е 2500 (две ипол илјади), туку е 500-600 денари. Така што не е масло, можам да се обложам. Башка во терапија, пола кубик уље за 2-3 дена се троши и тешко е да се стави во таква мала количина во шприц.

2. На пазарот, друже Пајо, има два вида на „грамови“. Еден е пакуван кој се продава улично и чини околу 3000 денари. Но, како што тврдат конзументите, во тој пакуваниот скоро никогаш нема 1 грам кокаин, туку најмногу 0.5, 0.6 грамови. Ова што според снимакта го порачуваш е познато како „мерен грам“, неговата цена е околу 5000 денари и кога тој ќе се стави на вага покажува точно 1 грам. Ти бараш дилерот да ти спреми „пола“, така што тој еден цел „мерен грам“, ти го дели и половина ти продава за 2500 денари. Во исто време, како што тврдат конзументите, со таквиот начин на набавка се купува далеку почист кокаин. Што има да ти спрема во маслото кое тврдиш дека го купшуваш? Невозможно е да се спреми пола кубик масло.

3. Конзументите сведочат дека кокаинот е единствената дрога која дилерите ја доставуваат до дома. Така што друже, секој обид патетично да се извадиш ти пропаѓа во вода.

Дополнително, дури и си во право, како доктор на науки би требало да знаеш дека производството и продажбата на масло од канабис е регулирано со закон и може да се купи во аптека. Ти Пајо, не си купил во аптека, што е исто така кривично дело.  За набавка на црно на масло од канабис, луѓе лежат во затвор – ајде Павле, пријави се во обвинителство и придружи им се. Откриј кој го произведува, нека лежи и тој.

Во неговото оправдување, Богоевски се вади дека со снимката се нарушувала неговата приватност. Но, заборава да спомне дека тој е јавен функционер кој во Собранието носи одлуки (како промена на името на државата) и дека својата работа треба трезвено да ја извршува, што значи дека не треба да е издрогиран. Од тука, претседателот на Собранието, Талат Џафери, би требало да нареди Павле да биде ставен на дрога тест, а доколку на истиот падне – да му биде одземен мандатот.

Нормално, почитувани читатели, кога вие се дрогирате, ве фаќаат и одите во затвор, а кога власта го прави истото – тоа е прогресивно и објавувањето значи нарушување на приватноста.

Не верувам дека Талат ќе има храброст својот коалиционен партнер да го стави на дрога тест, така што единствен начин Павле да докаже дека не е наркоман е да ме тужи мене за овој објавен текст. Така, наместо Талат, јас ќе го вештачам Павле во судскиот процес.

Доколку Павле го добие судскиот процес и со вештачење докаже дека не конзумира дрога, јавно ветувам дека како вистински џентлмен ќе му ја платам пресудената оштета и јавно ќе се извинам.

За крај, вие почитувани читатели, погледнете ја физичката трансформација кај Богоевски. Отечен лик, значително здебелен за краток период. Отсутен и искривен поглед – се ова се симптоми за конзумација на дрога. Да, за вас во Собранието одлучува лице кое не е при здрава свест.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата