Призна ли пратеникот кривично дело – дупките во одбраната на Павле Богоевски

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Призна ли пратеникот кривично дело – дупките во одбраната на Павле Богоевски

Пратеникот Павле Богоевски призна дека неговиот глас се слуша на аудио снимката објавена на социјалната мрежа ВК каде профилот Илија Громовник тврди дека членот на СДСМ нарачува кокаин.

Богоевски денеска преку Фејсбук демантира дека нарачувал кокаин и тврди дека нарачувал масло од канабис за негов болен близок со што дури и ако е точно тоа што го тврди тој признава дека бил инволвиран во нелегални незаконски активности за кои обични луѓе одат во затвор.

Во писмената одбрана на Богоевски дури и ако е точна неговата изјава дека набавувал масло од канабис има неколку „дупки“ кои неговите ПР советници не му ги воочиле.

Најпрвин, доколку аудио „бомбата“ е снимена пред јули 2016 година тогаш Богоевски признава дека направил кривично дело илегална набавка на наркотични средства психотропни супстанци.

Законот со кој се овозможува легална набавка на масло од канабис со помош на рецепт стапува во сила летото 2016 година а првите производи на пазарот излегуваат во јули истата.

Доколку разговорот на Богоевски е снимен пред овој период тој признава дека набавувал и на други луѓе им дистрибуирал нездозволени супстанци за што во Македонија најчесто следува затворска казна.

Доколку се утврди дека Богоевски навистина дрогата ја набавувал од хумани причини за болен роднина тоа може да му помогне на суд теоретски но ако се следи судската пракса тој речиси извесно е да биде осуден на казна затвор над 5 години со што може да го загуби и пратеничкиот имунитет.

Од другите „пропусти“ во неговата јавна одбрана најзначајна е терминологијата која повеќе одговара на набавка на кокаин од масло од канабис.

Богоевски во аудиото зборува за “пола” што е апсолутно нелогично ако се говори за набавка на масло од канабис кое се купува во милилитри.

Ако се работи за игра на зборови па Богоевски тврди дека половина е еквивалент на половина децилитар тогаш пак спорна е цената по која ја набавувал супстанцата.

Цената на масло од канабис на црниот пазар во зависност од квалитетот е меѓу 20 и 30 евра за милилитар односно меѓу 180 и 250 евра за децилитар (10 милилитри).

Тоа значи дека е невозможно Богоевски да набавувал “половина” односно половина децилитар за 2500 денари ниту пак е логично да набавувал половина милилитар за истата сума.

Покрај нелогичностите со количината и цената Богоевски во одбраната има уште една спорна точка а тоа е дека дистрибутерот кој работи на црно маслото за канабис треба да го донесе дома.

Упатени во оваа проблематика велат дека масло за канабис дури и од црни извори никогаш не се дистрибуира дома кај нарачателот.

Богоевски во меѓувреме за пред полицијата и обвинителството ако биде гонет ќе мора да подготви и подобро објаснување за пораката со која бара половината грам да биде „добро спремен“ што е нелогично ако барал маслото да биде однесено веднаш кај него дома.

Маслото од канабис не може да се подготви веднаш затоа што се работи за сложена процедура за која понекогаш се потребни денови.

Познавачи на приликите во овој црн бизнис велат дека сите фрази кои ги користи Богоевски во својот телефонски разговор со дилерот упатуваат не на масло од канабис туку на друга дрога за што финална оценка ќе треба да дадат надлежните институции.

Дури и да набавувал масло од канабис по 2016 година Богоевски не смеел да набавува без рецепт од неовластени дистрибутери поради што ќе се соочи со кривично дело од областа на прекршување на правилата во фармацевтската политика и здравјето на луѓето.

Во обид да се извади од обвинувањата за набавка на кокаин објавени на ВК пратеникот на СДСМ отвори низа дилеми за кои тој самиот но и МВР и Јавното Обвинителство ќе мора да дадат одговори откако ќе спроведат темелна истрага.

Паралелно со истрагата за наводната набавка на кокаин од страна на пратеник на СДСМ Јавното обвинителство мора да утврди од каде е аудио материјалот кој заедно со предходните 5 разговори е објавен на руската социјална мрежа.

Централно прашање во овој контекст е дали е тој истиот материјал кој беше складиран во СЈО или се работи за други разговори кои се под контрола на други луѓе, политички партии или организации.

Извор: експрес.мк

Признанието на Богоевски дека неговиот глас е на бомбите и неговото објаснување што набавувал:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата