Бугарскиот министер за земјоделие поднесе оставка поради скандал со пари од ЕУ, Борисов ја прифати оставката

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарскиот министер за земјоделие поднесе оставка поради скандал со пари од ЕУ, Борисов ја прифати оставката

Бугарскиот министер за земјоделие, храна и шуми, Румен Порожанов, денеска поднесе оставка поради скандал во врска со купување луксузни недвижности и изградба на мотели со средства од ЕУ, пренесува бугарскиот портал „Новините“.

Порожанов рекол дека не сака нападите врз него да ѝ пречат на работата на бугарската влада, па премиерот Бојко Борисов ја прифатил неговата оставка.

„Министерот Порожанов ги негираше обвиненијата и му рече на премиерот Бојко Борисов дека не сака нападите врз него да влијаат на работата на владата“, соопшти прес-канцеларијата на бугарската Влада.

Порожанов поднесе оставка откако обвинителството покрена истрага за можна измама во врска со средства за рурален развој од ЕУ кои биле искористени за изградба на повеќе од 700 мотели.

Според локалните медиуми, Порожанов наводно си купил голем стан во 2004 година, по цена многу пониска од пазарната. Според други извештаи, тој не ги пријавил договорите за недвижности на сопругата во 2017 година.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата