Петте најдобри серии на Нетфликс во моментов

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петте најдобри серии на Нетфликс во моментов

Се чини како секојдневно да се будиме со нови оригинални серии на Нетфликс. Сепак, колку од нив се навистина одлични, а колку пак се на платформата само за да пополнат место?

Поради овие причини, направивме една листа со најдоброто од Нетликс.

 

Chilling Adventures of Sabrina

Оваа серија е еден вид на „спиноф“ од хит-серијата Riverdale, а мрачниот и досетлив хумор додава хорор елементи и феноменална шеговитост. Ѕвездата на серијата, Кирнан Шипка со својата изведба и харизма ги освои филмските критичари. Серијалот е прецизно испланиран, а настаните се развиваат постојано низ целата сезона, без избрзување.

 

The Crown

Со само две сезони на Нетфликс, оваа серија веќе влегува во категоријата на најпопуларни и највисоко рангирани серии. Серијалот ја обработува приказната за животот на кралицата Елизабета II, од времето кога таа била принцеза, нејзината свадба во 1947, па се до сегашноста. Клер Фој освои бројни комплименти за нејзиниот перформанс како легендарната кралица, како и Мет Смит, кој ја толкува улогата на Филип, војводата од Единбург. Во главно, актерската двојка доби пофалби за нивната ненаметлива хемија, која на овие историски ликови им дава посебна нота на човечност, па дури и симпатија, карактеристики по кои Елизабета и Филип не се познати.

 

Russian Doll

Познато е дека жените ретко добиваат улоги во кои тие може да бидат мрзливи, безобразни, па дури и одвратни, оти истите најчесто се пишувани за мажи. За среќа, Наташа Лион во серијата Russian Doll покажа дека овие правила може и да се прекршат. Ова е една почудните серијали на Нетфликс, но не би сакале да ви го расипеме главниот заплет. Но да речеме дека е многу интересен сплет од класична и модерна комедија.

 

Love, Death and Robots

Може да речеме дека еден од предусловите за Нетфликс шоу е мрачен хумор и доза насилство, па ако е тоа ваш стил, тогаш Love, Death and Robots е токму за вас. Серијалот има посебна естетика, па визуелно нема да ви биде здодевно во ниеден момент.

 

Stranger Things

Делумно Стивен Спилберг, делумно Стивен Кинг, Stranger Things е мешавина од научна фантастика и хорор во стилот на 80-тите кој вреди да се гледа. По исчезнувањето на Вил Баерс (Ноа Шнап), неговите другари, семејство и еден загрижен шериф се обидуваат да го пронајдат. Мистеријата станува се почудна, кога се појавува девојчето Илевен (Мили Боби Браун). Втората сезона е уште помистериозна, со нови ликови и откачени специјални ефекти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата