Писмо до швалерката на маж ми - Читај и срами се!

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Писмо до швалерката на маж ми - Читај и срами се!

Некои изневерени жени кога ќе ја откријат аферата на сопругот само достоинствено го вртат грбот и патат тивко во себе далеку од неверниор маж; други во налетот на бес кубат коси и тепаат се што ќе им падне под рака (и мажот, и швалерката..) Оваа изневерена жена решила со писмо да и се обрати на соперничата која и го презела мажот, па и напишала: „Само сакам да ја разберам причината зошто имаше афера со зафатен/женет маж? Среде разделбата мојата 10-годишна ќерка ме праша „Зошто таа жена ни го зема тато?“ Толку невино, а сепак потресно прашање... Те молам објасни ми што доби ти од тоа? Знам парови кои не се среќни, но јас и мојот сопруг бевме среќни, блиски. Тој беше со мене речиси секогаш. Излегувавме и пиевме заедно. Имавме ноќи за љубовни состаноци, одмори. Само не можам да сфатам како се случи ова во овие околности? Му годи на егото на мажот, во ред можам да го разберам тоа, но што е со жената? Знаеш дека тој лежи со неговата сопруга секоја ноќ додека со тебе само си праќа секс пораки, каде е забавата тука? Да ја објаснам ситуацијата. Тој никогаш не се состануваше со тебе, те гледаше само на работа – НИКОГАШ викенди. Како може жена да биде среќна така? Само допишување во текот на денот, но никогаш соодветни состаноци или ноќи, затоа што никогаш не можеше да те покани некаде. Дали некоја жена може да биде среќна така? Јас подобро би го потрошила моето време барајќи некој друг. Значајна врска, а не да бидам нечија алатка за поткревање на егото.“

Изневерената жена писмото го објавила на социјалните мрежи, а корисниците и посочиле вината да не ја бара во „другата“, туку во сопругот!

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата