Судски полицаец случајно застрела маж во судница

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судски полицаец случајно застрела маж во судница

Судски полицаец Младен Меуриќ во БиХ, најверојатно играјќи се со пиштолот случајно го убил 52- годишниот Мили Јевтиќ од Власнице, дознава порталот Српскаинфо.

Според првичните информации се работи за помлад полицаец кој неодамна почнал да работи во судот.

„Тој седеше на портирница со останатите колеги и најверојатно си играше со пиштолот кој во еден момент испука и зрното го погоди Јевтиќ кој седеше во судот“ појаснил очевидец.

После тоа Јевтиќ е пренесен во болница, каде поради сериозност на повредата починал во болница, а судскиот полицаец е уапсен.

На лице место се наоѓа полиција и дежурен обвинител кој врши увид.

Починатиот Јевтиќ зад себе оставил и три деца.

Итсрагата е се уште во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата