Над илјада македонски граѓани ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Бон

8.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над илјада македонски граѓани ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Бон

Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците.

-Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора. Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов, во нашата амбасада во Бон, странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена, вели Мирчески.

Дијаспората е задоволна од новиот начин на издавање на биометриските исправи и од вработените во кознуларното одделение во Бон.

-Подобрувањето на услугите на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија преку базните и мобилните станици е еден од многубројните проекти на Министерството за надворешни работи за дијаспората, велат од МНР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата