Е ова е кино - си гледаш филмче, си грицкаш, си лежиш! РАЈ!

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Е ова е кино - си гледаш филмче, си грицкаш, си лежиш! РАЈ!

Во Швајцарија е отворено кино во кое може да се гледа филм во лежечка положба. Имено, салата која привлекла најголемо внимание е таканаречената ВИП спална соба со филмско платно, каде на располагање има 11 споени кревети со прекривки и перници.

Билетот за следење проекција во оваа сала чини околу 40 евра и во него се вклучени храна и пијалаци, додека обичниот билет чини 17 евра. Со купувањето на ваков билет добивате привилегија да не чекате за грицки и пијалаци, само ќе кажете што сакате и истите ќе ви стигнат во креветот. И не е само ова, има опција и за гледање филм на спуштен двосед, но и детски дел во кој најладите ќе можат да седат на огромни фотелји-вреќи, но и да се забавуваат во базенот со топчиња и на тобоганот. Што не им текне и кај нас да направат нешто слично.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата