Автомобил прегази двегодишно дете на паркинг во Скопје

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автомобил прегази двегодишно дете на паркинг во Скопје

Двегодишно девојче почина откако вчера на паркинг на ул.“23-ти Октомври“ во Скопје, во неа удрил автомобил „Фиат Добло“.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски, каде му била укажана лекарска помош. Во 15.20 часот детето им подлегнало на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата