ГО НАЈДОА ВИНОВНИКОТ ЗА ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Најавени се ОТКАЗИ во администрацијата

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГО НАЈДОА ВИНОВНИКОТ ЗА ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Најавени се ОТКАЗИ во администрацијата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во вчерашното интервју на 1ТВ посочи дека вработените во администрацијата се вишок, и тоа не значи ако сега имаат одредено работно место, функција утре или за година, две нема да ги избркаат.

„Статус кво ситуацијата не може веќе да остане вака. Ние овие анализи ќе ги направиме. Ние сме социјалдемократска левичарска влада и викаме нема никого да отпуштиме. Значи никој нема да остане на улица. Но да остане вака како што е невозможно“, посочи Дамјан Манчевски во интервју за 1ТВ за анализата која се подготвува за префрлање на вработени од администрација во приватен сектор.

„Голем број на луѓе си одат, ги напуштаат особено министерствата. Имаат контакт со меѓународни организации, имаат контакт со приватен сектор, имаат контакт со невладини организации, со стопански комори кои што ги идентификуваат како квалитетни кадри им даваат понуда која што нормално повеќе плаќаат отколку што можеме ние и тие луѓе си одат. Во министерствата имаме едвај 4.000 луѓе во сите министерства, во сите подрачни единици вкупно“, истакна Манчевски во интервјуто на 1ТВ.

Во интервјуто министерот Манчевски призна дека никогаш не е задоволен од својата работа.

„Не мислам дека сум најдобар што може да ја врши оваа работа, секако има и други, никогаш не сум и нема да бидам задоволен од мојата работа“, истакна Манчевски.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и неговите сопартијци своевремено ветуваа дека ниту еден административец нема да биде избркан од работа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата