ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Ништо не остана од автомобилот по тешката сообраќајка кај Драчево

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Ништо не остана од автомобилот по тешката сообраќајка кај Драчево

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во близина на бензинската пумпа на влезот на населбата Драчево во Скопје.

Според се уште непотврдени информации, три лица починале на лице место, а уште две им подлегнале на повредите на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

До несреќата дошло кога мал автомобил Рено 5 во се уште неутврдени околности директно се судрил со камион за собирање на смет.

Очевидци тврдат дека Реното се движело со поголема брзина при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет. Што точно се случило ќе утврди истрагата. Голем број вештаци вечерва беа на терен и собираа докази.

Повеќе детали од МВР се очекуваат во текот на денот.

ФОТО: Пресс 24

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата